Мојата снаа секогаш за Велигден вари 7 јајца а потоа прави нешто уникатно – мора да го видите

Одлична идеја за Велигденските празници, толку многу е убаво што нема да можете да го тргнете погледот од нив, ќе ви биде жал да ги јадете, а верувајте – превкусни се. Оваа идеја на снаа ми многу лесно се реализира, па дури и сами можете да го менувате рецептот, бидејчи крајниот резултатот е нешто навистина прекрасно.




Доколку се трудите на трпезата да имате не само вкусни јадења, туку и декоративни, тогаш дефинитивно сте на правото место – ќе се обидам најдобро што умеам да ви објаснам, но и целата постапка е забележана преку фотографии.




Имено, од едноставни варени јајца можете да приготвите многу вкусни и прекрасни на изглед – лалиња! Прочитајте го деталниот рецепт и проследете ги сите чекори кои се многу едноставни. Еве што ви е потребно за да ги приготвите Велигденските лалиња од варени јајца:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 7 јајца, 9 морски стапчиња (или риба по ваш избор, може и рендана шунка или друго по ваш избор), 200 г крем сирење, 1 мала лажичка мелен црн пипер или по вкус, 1 лажичка сол, може малку кари зачин по вкус и млад кромид (дршките, а може и млад лук)




ПОСТАПКА: Јајцата најпрво треба тврдо да се сварат. Во водата ставете малку сол и малку сода бикарбона, па ставете ги јајцата претходно отстојани на собна температура (да не се директно извадени од фрижидер), па од моментот на зовривање оставете да се варат 10 минути.




Сварените јајца веднаш прелијте ги со ладна вода, па откако ќе се оладат, излупете ги. Потоа од едниот крај засечете ги со остар нож во вид на крст. Засекот треба да биде доволно голем за да може жолчката да ја извадите од внатре без да ја оштетите белката.




Овој дел од постапката е најделикатниот, зошто треба да бидете внимателни и да не ја оштетите белката. Ова направете го со сите јајца, а жолчките соберете ги во посебен сад. Потоа подгответе го филот:




Во еден длабок сад изрендајте ги претходно сварените морски стапчиња. Наместо нив може да користите рендана шунка, ситно сечкано бело месо, туна од конзерва или некоја друга риба по ваш избор.




Потоа изрендајте ги жолчките, зачинете со сол, црн пипер, кари или некој зачин по ваш вкус, па додајте го крем сирењето и добро измешајте.




По желба може да додадете и малку мајонез за вкус. Филот префрлете го во слаткарски шприц, па наполнете ги белките во засеците.

Со помош на пластична цевка за сок направете мало вдлабнување во кое ќе ја ставите дршката од младиот кромид. Потребни се онолку млади кромитчиња колку што имате јајца, а во случајов седум. Може да декорирате и со магдонос или власец. Вашите пролетни лалиња од варени јајца се готови.

Претходна статијаМИНИ КРОФНИЧКИ СО ЈАБОЛКА: 1 трик прави да не знаете дали повеќе се мирисни или вкусни
Следна статијаТие се толку корисни што можете да ги јадете секој ден, колку што сакате