Навистина преубава комбинација од лешник и фин чоколаден крем кој никого не го оставила рамнодушен. Ова е мека, сочна и кремаста Милка торта која сите ја обожуваат. Тортата буквално се топи во уста, а се приготвува многу брзо и лесно.

Потребни состојки: 7 белки, 6 лажици шеќер, 10 г ванилин шеќер, 150 г лешници, 50 г мелени бисквити и 1 лажичка прашок за печиво. За филовите: 7 жолчки, 3-6 лажици шеќер, 10 г ванилин шеќер, 800 мл млеко, 40 г пудинг од ванила, 4 лажици брашно, 125 г путер, 160 г милка со лешник, 160 г бело чоколадо. За приготвување ќе ви биде потребен и плех со димензии приближно 34х39 см.

Постапка: Седум белки пенасто изматете ги со миксер, додадете 10 г ванилин шеќер, 6 лажици шеќер и продолжете да матите додека да добиете цврст снег. Намалете ја брзината на миксерот и додадете 150 мелени лешници, 1 лажичка прашок за печиво и 50 г мелени бисквити.

Смесата рамномерно распоредете ја во плех обложен со хартија за печење, со димензии 34х39 см и израмнете. Ставете да се пече 10-15 минути во загреана рерна на 200 степени. Печената кора извадете ја и покријте ја со влажна крпа.

За фил: Половина литар млеко ставете на оган. Седум жолчки со 10 г ванилин шеќер и 3-6 лажици шеќер изматете ги со жица и додадете млеко и промешајте. Додадете 40 г прашок за пудинг и малку млеко, па повторно промешајте. И на крај додадете 4 лажици брашно и преостанатото млеко, па промешајте уште еднаш, да нема грутчиња.

Оваа смеса постепено додадете ја во завриеното млеко со постојано мешање додека да згусне. Температурата намалете ја и внимавајте да не ви загори. Сварениот крем поделете го на два еднакви делови.

Во едниот сад додадете 160 г милка чоколадо со лешник, а во другиот 160 г бело чоколадо. Промешајте додека да се растопат чоколадите. Завиткајте ги со проѕирна фолија и оставете ги да изладат. Во двата дела додадете по 60 г путер и изматете пенасто со миксер.

Кората префрлете ја врз даска за сечење и отстранете ја хартијата за печење. Потоа исечете ја на три еднакви дела. Редење: кора, жолт крем, кафеав крем, кора, жолт крем, кафеав крем, кора, жолт крем одозгора, а кафеавиот се нанесува од страните. Се декорира со шлаг или по желба. Деталите околу постапката можете да ги погледнете во видеото: