Фото и рецепт: Палачинка
Потребни состојки:
3 пудинг од ванила,
600 мл млеко,
200 г шеќер,
250 г маргарин/путер,
200 г бисквити,
300 г медени срца,
500 г банани
200 мл слатка павлака
НМД
Чоколадо за декорација (по желба, не мора)
Постапка:
Пудинзите разматете ги во малку млеко со шеќерот, а остатокот ставете го на оган да зоврие.
Во врелото млеко постепено додајте го изматениот пудинг и варете со постојано мешање додека да се згусне. Оставете целосно да излади.
Путерот (претходно омекнат на собна температура) пенасто изматете го, па во него (лажица по лажица) додајте го изладениот пудинг и убаво соединете со миксер.
Во меѓувреме искршете ги бисквитите, меденото срце исечкајте го на ситни коцкички, а исто така, исечкајте ги и бананите.
Убаво промешајте го со филот и убаво соединете. На крај изматете ја слатката павлака во шлаг и филувајте ја тортата. По желба украсете одозгора со рендано чоколадо.