Home Десерти МАГИЧНА ШАМПИТА…15 минути до СОВРШЕНСТВО…Домашен колач кој сите го сакаат…се топи во...

МАГИЧНА ШАМПИТА…15 минути до СОВРШЕНСТВО…Домашен колач кој сите го сакаат…се топи во уста…

МАГИЧНА ШАМПИТА… 15 минути до СОВРШЕНСТВО…Домашен колач кој сите го сакаат…се топи во уста…Еве што е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (За мерење се користи чаша од 150 мл):

За тестото:
8 жолчки
8 лажици шеќер
8 лажици вода
8 лажици брашно
Можете да додадете и 1/2 кафена лажичка лебни трошки

За шам:
8 белки
8 чаши шеќер
1 1/2 чаша вода

ПОСТАПКА:

1.Жолчките изматете ги со шеќерот и водата, па додајте го брашното и измешајте да нема грутчиња. За попенлива структура и повисок пандишпан, изматете ги со миксер, но може и вака, со жица.

2.Смесата од жолчки сипете ја во намастен плех и печете 10 минути во загреана рерна на 160 степени.

3.Сварете сируп од шеќерот и водата: од моментот на зовривање варете уште 5-10 минути. Белките пенасто изматете ги со миксер, па кога ќе згуснат постепено додајте го врелиот сируп.

4.Шамот сипете го врз печениот бисквит и вратете го во рерната да се допече уште 3 минути. Оставете да се олади, па послужете. Деталите погледнете ги ОВДЕ.