Home зимница Лути пиперки во доматен сос со лук..Оваа зимница можете да ја јадете...

Лути пиперки во доматен сос со лук..Оваа зимница можете да ја јадете уште истиот ден кога ќе ја направите…Многу вкусно

Лути пиперки во доматен сос со лук..Оваа зимница можете да ја јадете уште истиот ден кога ќе ја направите…Многу вкусно…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 250 мл, количина за 7 тегли од 500 мл)

2 кг лута пиперка
2 кг домати (рио домати)
2 големи главици лук
1 чаша вински оцет
1 чаша масло
3 супени лажици крупна/камена сол
1 лажица лимонова сол
1 лажица шеќер

ПОСТАПКА:

Пиперките измијте ги и исчистете ги од дршките, па исечете ги на парчиња со големина на залак или по желба. Доматите исчистете ги и избендирајте ги, па помешајте ги со пиперките.

Додајте рендан лук, оцет, масло, шеќер и сол, па убаво промешајте за сите состојки да се соединат. Оставете да отстои 2 часа со повремено промешување за побрзо да се растопи солта.

Складирајте во стаклени, претходно стерилизирани тегли. Оставајте еден прст празно под капакот и пребришете ги од страните. Цврсто затворете и теглите чувајте ги во фрижидер, затоа што салатата не содржи конзерванс.

Овваа освежителна салата има рок на траење 1 година. Постапката погледнете ја ОВДЕ.