Лесен ЧОКОЛАДЕН КАРАМЕЛ КОЛАЧ кој се прави за 5 минути…Брз, сочен и многу вкусен…Се топи во уста…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За бисквит:
130 г брашно
30 г какао во прав
150 г шеќер
1 лажичка прашок за печиво
1/3 лажичка сода бикарбона
2 јајца
60 мл растопен путер
1 лажичка екстракт од ванила
1/2 лажичка есенција од бадем, опционо
160 мл врела вода

За глазура:
100 г црно чоколадо
200 мл карамел крем

Ако правите домашен карамел крем, ќе ви бидат потребни следниве состојки:
150 г шеќер
45 г путер
120 мл слатка павлака

Се користи калап 20х20 см или со слични димензии
Се пече во загреана рерна на 170 степени, 30-35 минути

ПОСТАПКА:

Во подлабок сад измешајте ги сувите состојки: брашно, какао, шеќер, прашок за печиво и сода бикарбона. Додајте јајца, растопен путер, ванила и есенција од бадем. Промешајте. Додајте врела вода и повторно промешајте.

Смесата сипете ја во калап обложен со хартија и ставете да се пече во загреана рерна околу половина час.

Колачот откако ќе се олади избоцкајте го со дрвена дршка од лажица и залијте го прво со карамел, а потоа и со растопено црно чоколадо. Декорирајте со уште малку карамел одозгора.

За домашен карамел крем: растопете го шеќерот во сува тава додека да се карамелизира, па додајте го путерот и мешајте додека да се соедини.

На крај сипете ја павлаката, промешајте и тргнете од оган. После 10-15 минути можете да го послужите. Постапката погледнете ја ОВДЕ: