Home Десерти ЛАЖЕН ЧИСКЕЈК…Од едноставни состојки, а има неопислив добар вкус…Сите го бараат овој...

ЛАЖЕН ЧИСКЕЈК…Од едноставни состојки, а има неопислив добар вкус…Сите го бараат овој рецепт…

ЛАЖЕН ЧИСКЕЈК…Од едноставни состојки, а има неопислив добар вкус…Сите го бараат овој рецепт…Еве што е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

250 г смрзнати малини,
80 г шеќер,
30 г скроб/нишесте/густин,
сок од 1 портокал (или друг овошен бистар сок),
1 пакување пишкоти,
150 г крем сирење (младо несолено сирење по избор),
50 г шеќер во прав,
150 мл слатка павлака,
15 г какао во прав,
рендано чоколадо за декорација

ПОСТАПКА:

1.Малините заедно со шеќерот и скробот измешајте ги во едно тенџере и варете со непрекинато мешање додека да згусне.

2.Во помал калап наредете пишкоти кратко натопени (премачкани) во сок од портокал, распоредете го сосот од малини, па наредете втор слој од пишкоти.

<

3.Крем сирењето пенасто изматете го со шеќерот, па додајте ја павлаката и соединете со миксер. Додајте какао во прав и измешајте со лажица.

4.Распоредете го кремот врз пишкотите, одозгора изрендајте чокиоладо и оставете го колачот 1 час во фрижидер. Постапката погледнете ја ОВДЕ.