Home Десерти Куглоф мек како душа! Чоколадна класика која ќе ве освои со првиот...

Куглоф мек како душа! Чоколадна класика која ќе ве освои со првиот залак…

Куглоф мек како душа! Чоколадна класика која ќе ве освои со првиот залак…

Рецепт за брза и вкусен чоколаден куглоф. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За тестото:
4 јајца
1,5 чаша шеќер
1 чаша млеко
125 мл масло
2 лажички ванилин шеќер
2 лажички прашок за печиво
3 лажици какао во прав
2 чаши брашно

За прелив:
2 чаши млеко
2 лажици какао во прав
3 лажици шеќер
80 г млечна чоколада

ПОСТАПКА:

Јајцата пенасто изматете ги со шеќерот додека да згуснат. Додајте млеко и масло и повторно изматете.

Измешајте го брашното со какаото, прашокот за печиво и ванилиниот шеќер. Сè изматете со миксер.

Калапот за куглоф намачкајте го со путер, посипете го со брашно и излејте ја смесата.

Ставете да се пече во загреана рерна на 170 степени 50 минути. За прелив загрејте го млекото со шеќер и какао. Промешајте со жица за да разбијат грутките.

На крај додајте го чоколадото и оставете го да се растопи. Испечениот куглоф избоцкајте го со чепкалка и прелијте го со чоколадото. Декорирајте по желба. Постапката погледнете ја ОВДЕ: