КРЦКАВИ МИНИ ТУЛУМБИ КОИ СЕ ДУЈАТ КАКО МЕУРЧИЊА…Се разликува од другите рецепти по тоа што тулумбите долго остануваат крцкави…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се користи чаша од 200 мл):

За тесто:
1 чаша вода
1 чаша брашно
1 лажичка шеќер
сол на врвот на лажичка
2 лажици масло
1 големо јајце (ако јајцето е мало, можете да ставите 2)

За шербет:
2 чаши вода
2 чаши шеќер
1 парче лимон

ПОСТАПКА:

1.Прво пригответе го шербетот за да има време да се олади. Во тенџере помешајте ги шеќерот и водата. Исцедете неколку капки лимонов сок и ставете едно мало парче лимон. Варете го 10-15 минути додека да згусне.

Ако шербетот не е густ, тогаш тулумбите нема да бидат крцкави и ќе омекнат. Откако ќе се свари, шербетот тргнете го настрана и оставете го да се олади. Ако имате можност, подгответе го еден ден претходно и оставете го да се олади во фрижидер.

2.Во друго тенџере сипете 1 чаша жешка вода, додајте 1 лажица масло, 1 лажичка шеќер и на врв од лажичката сол, па штом зоврие сипете 1 полна чаша брашно.

3.Намалете ја температурата и варете го тестото со непрекинато мешање додека да се стане компактно, а на дното од тенџерето да формира тенок слој.

4.Претурете го во чинија и распоредете го во широка чинија за побрзо да се олади. Уште малку продолжете да го мешате со лажицата.

5.Додајте едно јајце, а ако било мало, по потреба додајте уште половина или уште едно цело јајце.

6.Добро измешајте додека целосно да го впие јајцето и да добие мазна конзистенција.

7.Тестото претурете го во готварска кеса со ѕвездест продолжеток за тулумби. Добро напакајте со лажицата за да нема празни воздушни простори во тестото.

8.Во тава со ладно масло истиснувајте го тестото и сечете мали тулумбички. Тие ќе паднат на дното од тавата.

9.Тавата ставете ја на шпорет и вклучете да се загрева на највисока температура. Штом маслото ќе се загрее тулумбичките ќе испливаат на површина, па намалете ја температурата на умерена.

10.Тавата на почетокот само протресувајте ја без да ја ставате внатре лажицата (или виљушката), зашто во спротивно, тулумбите ќе го изгубат својот облик.

Штом забележите дека започнале да заруменуваат од долната страна, дури тогаш превртете ги. Приближно им се потребни 7 минути за да заруменат од едната страна.

11.Штом добијат златна боја од сите страни, почесто промешувајте ги со виљушка за да можат рамномерно да се испржат до посакуваната боја.

12.Испржените тулумби со цедалка вадете ги и дирекно потопувајте ги во ледено-оладениот шербет (изваден од фрижидер).

Оставете ги неколку минути во шербетот, промешајте ги за да се натопат убаво, па извадете ги во десертна чинија.

Одозгора залијте ги со уште малку шербет. Постапката погледнете ја ОВДЕ.