СВИЛЕНА АЛВА…брз и многу вкусен ПОСЕН десерт за со кафе…

Денеска ви подготвивме рецепт за Ерзурумска алва, која се прави малку поинаку од другите рецепти за алва и има свиленкаста конзистенција. Еве што е потребно за подготовка:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (мала чајна чаша од 120 мл, чаша од 200 мл):

1 мала чаша шеќер
1/2 мала чаша вода
100 г путер или маргарин
1/2 мала чаша масло (50-60 мл)
1,5 чаши брашно

ПОСТАПКА:

1.Во еден сад сипете 1 чајна чаша шеќер (од 120 мл) и додајте половина чајна чаша вода. промешајте за да се раствори.

2.Во тавата ставете 100 грама маргарин и половина чајна чаша масло и загревајте на тивок до умерен оган додека целосно да се растопи.

3.Додајте 1,5 чаши брашно (чаша од 200 мл) и пропржете го со постојано мешање.

Во еден момент ќе се претвори во течна смеса со ронки во неа, но не паничете и продолжете да мешате. Потоа повторно ќе се згусне и ќе добие убава конзистенција со боја на млечно кафе.

4.Штом ја добие убавата боја, тргнете го од шпоретот. Полека започнете да го додавате сирупот, малку по малку додека непрекинато мешате.

За кратко време убаво ќе згусне и ќе добие малку потемна боја. За 5-10 минути алвата веќе ќе почне да згуснува и ќе можете да ја црпите со лажица и да ја послужите. Постапката погледнете ја ОВДЕ.