Home Десерти Крцкав десерт од јаболка за 10 минути! Практично и вкусно само со...

Крцкав десерт од јаболка за 10 минути! Практично и вкусно само со брашно, вода, масло и јаболка!

Крцкав десерт од јаболка за 10 минути! Практично и вкусно само со брашно, вода, масло и јаболка! Ако користите готово лиснато тесто, овој десерт се подготвува многу брзо и лесно. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За лиснато тесто:
1 лажичка квасец (3 г)
1 лажичка шеќер (5 г)
2 чаши топла вода (400 мл)
5 чаши сенаменско брашно (580 г)
1 лажичка сол (5 г)

За премачкување на тестото:
160 г путер

Фил:
1 чаша кафеав шеќер (може и бел шеќер)
1 лажичка цимет
3 јаболка исечени на прстени

ПОСТАПКА:

Од наведените состојки замесете компактно тесто со постепено додавање на брашното. Измесете го (8-10 минути) на набрашнета површина додека да се измазни, да не се лепи на рака. Оставете го покриено да одмори 10 минути.

Тестото поделете го на 4 топки. На набрашнета површина отворете тенка кора и премачкајте ја со растопен путер. Здиплете ја од едната и од другата страна, да добиете долгнавеста правоаголна кора.

Премачкјате ја со путер одозгора, па повторно преклопете од горе и долу, како книга, да добиете правоаголник. Отворете втора кора, премачкјате ја со путер и во средината ставете го првото здиплено тесто.

Преклопете како што поставивте со првото тесто. Постапката повторете ја со преостанатите 2 теста. Завиткајте ги во кеса и оставете ги во фрижидер 30 минути. Потоа развлечете го во правоаголеста кора и исечете ја на тенки ленти.

Прстените од јаболка валајте ги во мешавина од шеќер и цимет, па обвиткајте ги со лентички лиснато тесто. Наредете ги во плех обложен со хартија и одозгора премачкјате ги со млеко и посипете ги со шеќер и цимет.

Печете ги 25-30 минути во загреана рерна на 200 степени. Постапката погледнете ја ОВДЕ: