Еднаш, еден мудар старец си одел по патот, а притоа ја набљудуваљ природата и се восхитувал на прекрасните, светли бои на пролетта. Потоа, на патот видел некој човек како се мачи носејќи огромен товар на грб. Се гледало дека колената му се свиткуваат од огромата тежина.

– Зошто човеку си се нафатил на толку напорна работа и очигледно страдање? – прашал старецот.

– Се борам за да можат во иднина моите внуци и деца да бидат среќни, за да не мора да страдаат како мене, – одговорил кутриот човек. – Прадедо ми се мачел и напорно работел за дедо ми, дедо ми – за татко ми, татко ми – за мене, а јас се борам за среќата на моите деца.

– Дали некој од вашето семејство бил среќен? – се интересирал мудриот соговорник.

– Сè уште не, но децата и внуците сигурно ќе бидат среќни! – со надеж рекол човекот.

– Знаеш, постои една ваква мудрост: неписмениот не може да научи да чита, а зајакот никогаш нема да може да му биде учител на соколот! – воздивнал стариот мудрец. – Прво, треба да научиш самиот да бидеш среќен, само така ќе можеш да ги научиш своите деца да бидат среќни. Тоа ќе биде твојот највреден подарок за нив.

Една друга парабола за децата вели вака:

Пуштете ги да одат по својот пат, верувајте им, но, секогаш бидете во следниот вагон, а не во истиот заедно со вашите деца… Пуштете ги да растат, но незабележливо бидете блиску…

Мајката и таткото честопати на лето го носеле својот син кај баба му на поседок. Кога пораснал, им рекол на родителите: – Веќе сум голем, зошто се однесувате кон мене како кон мало дете? Можам сам да ја посетувам баба ми!

По дискусијата, родителите се согласиле дека е така. Го однеле до перонот и при испраќањето на синот, му ги дале последните безбедносни совети, но синот постојано повторувал: – Да, знам, знам, веќе 100 пати ми е кажано! … Тогаш таткото му рекол:

„Синко, ако одеднаш се почувствуваш лошо или исплашено, еве ти го ова“, и му ставил нешто во џебот на детето. И така, момчето седнало во возот, се возело и гледало во пејзажот во прозорецот.

А наоколу непознати луѓе се туркале, викале, влегувале, излегувале, кондуктерот со незадоволство направил забелешка, некој исто така незадоволно го погледнал, а на детето наеднаш му станува непријатно.

И тогаш станало страшно. Се наведнало, се сокрило во некој агол и му дошло да заплаче… А потоа се сетило дека татко му ставил нешто во џебот. Момчето го нашло парчето хартија, го отворило и прочитало:

„Сине, јас сум во соседниот вагон“.

Така е во животот, треба да ги пуштиме децата, верувајќи им, но секогаш мораме да бидеме во следниот вагон за да не се плашатод непријатните ситуации кои можеби ги демнат зад следниот агол. Да бидеме блиску до нив – додека сме живи.