КОЛАЧ ЗА СЕКОЈ ДЕН…За подготовка ќе потрошите 5 минути, а можете да го јадете врел или ладен…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
Влажни состојки:
4 јајца
180 г шеќер
125 г цврст јогурт или кисела павлака
100 мл млеко
100 мл масло
1 лажичка екстракт од ванила
Суви состојки:
320 г брашно
16 г прашок за печиво
20 г какаов- се додава во 1/2 половина од тестото
ПОСТАПКА:
Влажните состојки сипете ги во блендер и измиксајте ги додека да добиете хомогена смеса (можете да ги изматите и со миксер). Постепено додајте ги сувите состојки и мешајте со жица. Добиената смеса поделете ја на 2 дела.
Во едниот дел сипете го какаото и промешајте. Долгнавест калап за ролати 30х10 см намастете го и набрашнете го, па сипете ги двете смеси наизменично по малку, една па друга за да добиете мраморен ефект.
Дополнително со стапче прошарајте. Печете 45 минути во загреана рерна на 180 степени.
Печениот колач можете да го посипете со шеќер во прав или да го декорирате со растопено бело чоколадо (180 г) и бадеми. Постапката погледнете ја ОВДЕ: