КОЛАЧ ЗА 5 МИНУТИ…Нов вкус кој ќе ве изненади…Едноставен и брз рецепт…Овој колач можете да го приготвувате за свечени пригоди, но и за секој ден…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 240 мл):

130 г путер омекнат на собна температура
130 г шеќер
3 јајца
180 г сенаменско брашно
1 мала лажичка прашок за печиво
1/2 лажичка есенција од карамел (опционо)
100 г чоколадни капки
1 рака карамел капки/сечкани бонбони

За прелив-глазура:
75 карамел и малку сечкани ореви/кикирики

Ако го правите сами карамелниот прелив:
50 г шеќер
10 г путер
40 мл слатка павлака

се мери со чаша од 240 мл
се пече 50-55 минути на 170 степени
во калап 21х11х6 см

ПОСТАПКА:

1.Пенасто изматете го путерот со шеќерот додека да стане како крем, па додајте ги јајцата, едно по едно. Матете со миксерот по 20 секунди после секое додавање на јајце.

2.Кога ќе се изедначи смесата додајте го брашното просеано низ сито, прашокот за печиво и есенцијата со вкус на карамел, па изматете со миксерот 20-тина секунди на најниска брзина.

3.Додајте карамелни и чоколадни капки, па промешајте со шпатула.

4.Смесата сипете ја во калап (21х11х6 см) обложен со хартија за печење и ставете во загрена рерна на 170 степени да се пече 50-55 минути.

5.Печениот колач оставете да се олади.

6.Одозгора залијте го со карамелна глазура и посипете го со сечкани јатки по желба. карамелен сируп можете да користите купечи или да си направите сами:

7.За 200 г карамел: во тава растопете го шеќерот (150 г) до боја на карамел, додајте го путерот (30 г) и мешајте додека целосно да се растопи.

Потоа сипете ја течната павлака (80 мл) и мешајте додека сето да се растопи и соедини. Потоа оладете. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/Bt2qebDndeA?si=Cur4q9yEfOJUVH0m