КОЛАЧ 1 2 3 4! Најдобриот десерт во светот! Рецепт за 5 минути, едноставно и многу вкусно…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 250 мл):

1 чаша масло
1 чаша сок од портокал
2 чаши шеќер
3 чаши брашно
4 јајца
1 лажица течна ванила
1 лажица прашок за печиво
кора од 1 портокал
За одозгора: џем од кајсии, кокос

ПОСТАПКА:

Пенасто изматете ги јајцата со шеќерот и ванилата, па додајте масло и сок од портокал (џус). Промешајте па додајте го просеаното брашно помешано со прашокот за печиво и на крај ренданата кора од портокал. Соединете со миксер.

Смесата сипете ја во обложен калап 27х18 см и ставете да се пече 35-40 минути во загреана рерна на 180 степени. Печениот колач премачкјате го со џем и посипете го со кокос. Постапката погледнете ја ОВДЕ: