КОКОС КОЛАЧ МЕК КАКО ДУША…Брз и многу вкусен десерт за секој ден за со кафе или чај…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
50 г кокос
150 г шеќер
110 г путер на собна Т
3 јајца
175 г брашно
1лажичка прашок за печиво
60 мл кокосово млеко или обично
1 лажичка ванилин екстракт
1/2 лажичка есенција од бадем, опционо
2-3 лажици џем за премачкување
За декорација помешајте:
1/2 чаша шеќер во прав (чаша од 240 мл)
2-3 лажици кокосово млеко или обично
Калап: 35х24х6 см
Се пече 20-25 минути во загреана рерна на 170 степени
ПОСТАПКА:
Пенасто изматете го путерот со шеќерот, па соединете го со јајцата. Сипете го просеаното брашно промешано со прашок за печиво, па кокосот и измешајте со шпатула додека да се изедначи. По желба додајте есенција од бадем и ванила.
Тестото разредете го со млеко и изматете со миксер. Смесата распоредете ја во калап обложен со хартија и испечете го бисквитот. Кога ќе подизлади исечете го на 3 дела и наредете ги еден врз друг, помеѓу премачкани со џем.
Декорирајте и оладете пред послужување. Постапката погледне ја ОВДЕ: