Не треба да сте премногу вешти за напшравите бујна градина од домати кои ќе носат голем принос. Потребни ви се длабоки пластични садови добиени од канти, 5-6 литарски шишиња и слично, пластични 2-литарски шишиња и жица.

Дволитарските шишиња треба да ги засечете според висината на длабокиот сад во кој ќе се садат доматите. Засечете ги како капа, не докрај. На долниот дел од шишето направете дупчиња на повеќе места.

На големиот, длабок сад направете две спротивни дупчиња во кои ќе ја вметнете жицата и ќе ги ја прицврстите како рачка на кофичка. Должината на жицата зависи од висината на која сакате да ги закачите овие висечки садови.

наполнете го длабокиот сад со хумусна земја, а за да се збогати уште повеќе, некаде на средината ставете и малку чиста пепел од дрво. Дволитарското шише поставете го настрана, од внатрешната страна на длабокиот сад, но покрај ѕидот.

Засадете го младото растение. Залијте ги со хранлива течност, а дел од таа течност сипете и во пластичните 2-литарски шишиња. Закачете ги на планираното место и редовно грижете се билките да бидат хидрирани.

После само еден месец тие ќе пораснат големи. По потреба додајте уште хумусна почва кога билката ќе биде доволна голема и додајте природно ѓубриво за добие сила.

После 65 дена тие ќе дадат плодови. Целата видеопрезентација погледнете ја ОВДЕ. За повеќе корисни совети заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „ИТНО ДАЈТЕ ИМ ГО НА БИЛКИТЕ: Само 1 чаша, па ќе берете краставици и домати со тони!“ – ОВДЕ.

ИТНО ДАЈТЕ ИМ ГО НА БИЛКИТЕ: Само 1 чаша, па ќе берете краставици и домати со тони!