Многу лековито!

Потребни состојки:

200 г исечкан лук
200 г млади врвови, иглички од свеж рузмарин
1 литар домашно вино (чисто, без винобран) препорачливо е да биде бело, но може и црвено, да нема адитиви и конзерванси

Постапка:

Сето наведено треба да се измеша и да се остави да отстои 15 дена во стаклен сад на ладно.

Се процедува неколку пати, па добиената тинктура се складира во стаклен сад и се чува во фрижидер.

Рок на траење: неограничен.

Употреба:

Возрасни лица наутро на гладно по една супена лажица.

Деца над 3 години: 1 мала чајна лажичка наутро на гладно.

Бактериите многу лесно го напаѓаат човечкото тело, особено кога имунитетот е ослабнат, а некогаш пациентот на почетокот не е ни свесен дека има некаква инфекција.

Токму таква е и опасната ешерихија коли, која е најчест причинител за уринарни инфекции кај мажите, жените и децата.

Многу честа е и кај трудниците поради опуштеноста на уринарниот тракт.

Најчестиот причинител за пренесување на оваа бактерија е близината на анусот и вагината кај жените, па многу лесно го пронаоѓа патот до бешиката. Сексуалните односи исто така се честа причина за појавата на оваа инфекција, па за да ги намалите шансите се препорачува по секој однос и жената и мажот задолжително да мократ.

Причинители за оваа инфекција може да биде и настинката која го намалува имунитетот. Честопати, се јавува и заради нередовно менување на мокрите костими за капење, односно подолгото седење во мокар костим.

Неправилната и нередовна исхрана, физичката неактивност, дијабетесот, некои контрацептивни средства или недоволното внесување на течности исто така можат да ја поттикнат појавата на ешерихија коли.

СИМПТОМИ

-При мокрењето се јавува изразена болка проследена со пецкање. Нагонот за мокрење е чест, така што личноста не може да почека ни момент.

-Во урината може да се јави и крв, а ако инфекцијата се прошири на бубрезите, тогаш се јавува болка во делот кај слабината, зголемена температура, малаксаност, понекогаш дури и повраќање.

Конвенционално лекување:

Најчесто со еднократни или тридневни дози на антибиотици, зависно од процената на лекарот.

Помагаат и препарати на база брусница. Делотворен е и увиниот чај, чајот од пченкарна свила, магдонос и копар.