„Ако билката цвета еднаш годишно, тогаш залевајте ја со оваа комбинација само еднаш годишно. Ако билката цвета постојано, тогаш залевајте ја со оваа смеса еднаш месечно“, велат искусните градинари.

Велат дека со помош на овој раствор цвета дури и она цвеќе за кое сте мислеле дека нема цвет. А тајната, всушност не е ништо комплицирано. Треба да се знае дека цвеќето кога ќе започне да ги појавува своите пупки и кога се подготвува за цветање, треба да му се помогне со прихрана.

Прихраната ќе му даде сила и билката ќе може да се сконцентрира на бујното цветање, без да одзема сила од листовите или коренот. Кога цвеќето се прихранува во овој период, во текот на цветањето неговите цветови имаат посилни и поинтензивни бои.

ЕВЕ ГО РЕЦЕПТОТ: Во еден литар вода која отстојала неколку денови, треба да се додаде 1 кафена лажичка рицинусово масло. Шишето добро затворете го и промешајте. Рицинусовото мало треба да се раствори и добро соедини со водата, за да не ги из-гори корењата на билката.

Веднаш после протресувањето, додека не се подигнало маслото и сè уште е поделено на минијатурни капки, залејте го цвеќето, но не директно во коренот. Ако билката цвета еднаш годишно, доволна е една ваква прихрана. Ако билката постојано цвета, потребно е да се прихранува еднаш месечно.

СОБНИ БИЛКИ. Тајната за богата собна градина е едноставна: за да цветаат билките уште поубаво и побујно, треба добро да се прихрануваат. Како правилно се приготвува раствор за прихранување на билките:

Практично, сите билки го сакаат шеќерот (а на кактусите тоа им е омилениот десерт). Може пред залевање, земјата во саксијата да се пороси со една кафена лажичка шеќер, или да се налие цвеќето со слатка водичка (1 кафена лажичка на 1 чаша вода). Фикусите можете еднаш месечно да ги залевате со засладена водичка.

На еден литар вода се додава 1 кафена лажичка шеќер. Листовите на фикусот може да се пребришуваат со млеко. Тоа ќе придонесе за сјај и убавина на билката. Инаку, млекото е многу корисно за билките. Некои домаќинки ин-јек-тираат со шприц млеко, директно во стеблото на билката.

ЛУШПИ ОД ЈАЈЦА: Постои еден чу-до-раствор за најбез-надежните цвеќиња: сè што е потребно за овој раствор, се вода и лушпи од јајца. Лушпите од јајце прелијте ги со вода и оставете ги 5-7 дена на собна температура. Одвреме-навреме промешајте. Потоа, со овој раствор полевајте го цвеќето.

АСПИРИН: Имунитетот на собните билки одлично го зголемува прскање со раствор на аспирин (андол): едно апче од 300 мг треба да се раствори во 1 литар вода. Потоа билките испрскајте ги со распрскувач.

КОРА ОД КАЛИНКА: Билките можете да ги полевате со следниот раствор: земете кора од калинка или некој цитрус и прелијте ја со вода. Оставете да преноќи и тоа е сè. Хранливиот раствор за полевање на билките е подготвен.

ЧКОРЧИЊА: Ако сте забележале дека вашите билки започнале да венеат од необјасниви причини – тешко воочливи со голо око ште-точини, користете го следниот трик со чкор-чиња: едноставно, забо-дете ги главичките во земја, на оддалеченост од 5 см од крајот на саксијата, па полевајте го цвеќето.

После 2 дена, заменете ги чкор-чињата со нови, а после два дена мушичките ќе исчезнат. Отсега не мора да ги полевате собните билки со инсек-тициди. Фосфорот и сулфурот кој се содржат во составот на смесата од чкорчињата, продираат во почвата и ја ослободуваат од штетниците.

БАКАРНИ ПАРИЧКИ: За да спречите појава на габични заболувања, користете бакарни парички. Ставете неколку парички во земјата околу билките и бакарот ќе ги елими-нира сите спори на габите.