Експертот за здрав живот и фит форма Стајн Барун им помогнал на бројни жени да ослабат, да го доведат телото во фит форма и да се чувствуваат одлично во сопствената кожа. Но здравата телесна фигура и затегнатото тело е многу повеќе од естетски проблем.

Тренерот по фитнес Стајн Барун објаснува дека дебелината предизвикува бројни болести на зглобовите, особено остеоартритис, најчестата зглобна болест на денешницата.

Вишокот килограми во голема мера влијаат врз квалитетот на животот, а најмногу страдаат колената, односно зглобовите кои се под најголемо оптеретување и притисок.

Остеоартритисот е причина за онеспособеност на најмалку 105 од лицата постари од 60 години, а само остеоартритисот на колената предизвикува онеспособеност колку и хроничната срцева и белодробна болест заедно. Остеоартритисот на коленскиот злоб најчесто е поврзан со дебелината бидејќи тоа е зглоб кој инаку е склон кон развивање на оваа болест, а според анатомијата и местоположбата е најоптеретениот зглоб со телесната тежина.

Во големата Фрамингхамска студија спроведена во САД, се покажало дека дебелината како фактор на ризик за остеоартритис на колената делува малку повеќе линеарно. Значи, колку е поголема дебелината, пропорционално се зголемува и ризикот за појава на остеоартритис. Ризикот е зголемен и кај лица со благо зголемен индекс на телесна маса, односно и кај лицата кои се’ уште се во границите на референтни вредности за нормална тежина.

Дебелината е повеќе поврзана со двостраниот отколку со едностраниот остеоартритис, а дебелите лица со остеоартритис на зглобот на едната страна од телото почесто развиваат болест и на другиот зглоб во споредба со лицата кои имаат нормална телесна тежина.

Промената на телесната тежина од нормална кон прекумерна носи зголемен ризик за остеоартритис на колена што бара вградување на ендопротеза – истакнува Барун и додава дека физичкото вежбање и рекреацијата имаат бројни позитивни ефекти не само на зглобовите, туку и бројни други телесни системи.

Врз функцијата на колената делува и односот меѓу дебелината, силата на надколеничните мускули и балансот. Осто така, важна е и насоченоста на колената, односно, односот меѓу надолжната оска на натколеницата и потколеницата. Ако оската на потколеницата е повеќе кон надвор во однос на натколеницата (валгус на колено), постои порамнмерно оптеретување на внатрешниот и надворешниот оддел на колената. Меѓутоа кога потколеницата е насочена кон внатре (варус колено), поголемо е оптеретувањето на внатрешниот дел од коленото, каде и најчесто се развиваат промени во остеоартритис.

Во случај да тежите 75 килограми, силата на вашето колено при секој чекор ќе изнесува 112 килограми (на едното колено). Кога ќе клекнете, притисокот може да биде и петпати поголем од телесната тежина.

Остеоартритисот на колена, особено кај дебелите луѓе, значително го намалува квалитетот на живот и можностите за физичко вежбање во споредба со лицата без остеоартритис. Важноста на влијанието на дебелина врз појава на остеоартритис ја докажуваат е позитивните ефекти при намалување на телесната тежина.

Во текот на одењето на рамно тло, силата која на секој чекор го притиска коленото е еднаква на 1,5 тежина од вашето тело. Во случај да тежите 75 килограми, силата на вашето колено при секој чекор ќе изнесува 112 килограми (на едното колено). При одење на угорница, силите се уште поголеми: ако се качувате по столб, силата е еднаква на 2пати или трипати помножено со вашата тежина, а ако клекнете (на пример за да ги врзете врвките), притисокот може да биде и петпати по тежината на вашето тело (при телесна тежина од 75 килограми, тоа се огромни 375 килограми).

Повеќе студии покажале дека постои врска помеѓу индексот на телесна маса (ИТМ) и болките во коленото. Колку е поголем ИТМ, поголема е можноста за појава на болки. Холандските истражувачи откриле дека луѓето со ИТМ поголем од 27 имаат трипати поголема веројатност дека ќе заболат од остеоартритис.

Вишокот телесни масти како последица може да предизвикаат ослободување на хормонот лептин за кој некои експерти се сомневаат дека имаат важна улога во појава на остеоартритис. Исто така, на сличен начин се ослободуваат и други опасни соединенија кои може да предизвикаат воспаленија и во другите зглобови – вели тренерот Стајн Барун и сите ги советува да се грижат за своето здравје, а најмногу да внимаваат на телесната тежина бидејќи на тој начин ние се грижиме и за здравјето на нашите зглобови.