Home Десерти ГРИЗ КОЛАЧ СО МЕРКИ НА ЧАША…Одличен избор за сите домаќинки…брз колач со...

ГРИЗ КОЛАЧ СО МЕРКИ НА ЧАША…Одличен избор за сите домаќинки…брз колач со ореви, се топи во уста…

ГРИЗ КОЛАЧ СО МЕРКИ НА ЧАША…Одличен избор за сите домаќинки…брз колач со ореви, се топи во уста…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл):

4 јајца
1 чаша шеќер
1 чаша млеко
1 чаша масло
1 чаша гриз
1 чаша мелени ореви
1 чаша брашно
1 кесичка прашок за печиво

За сируп:
500 г шеќер
600 мл вода
2 шлаг креми за декорација

ПОСТАПКА:

1.Изматете ги јајцата со чаша шеќер, па додајте масло, млеко, гриз, ореви, брашно и прашок за печење. Смесата сипете ја во намастен плех со средна големина и печете во загреана рерна на 180 степени, 30 минути.

2.Соединете ги шечерот и водата доведете до вриење. Сирупот оставете го да проврие неколку минути. Оставете да се олади малку, но не целосно. Со топлиот сируп прелијте го бисквитот и оставете го да се олади.

3.Изматете две шлаг креми според упатството на кесичката и премачкјате го колачот.

Одозгора посипете мелени ореви. Изладете пред послужување. Постапката погледнете ја ОВДЕ.