ГО ПРАВАМ СЕКОЈ ДЕН…Колач со павлака, се пече 10 минути…Многу лесен, брз и вкусен…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
4 јајца
200 г шеќер
1 прстофат сол
10 г ванилин шеќер
200 г цврст јогурт или кисела павлака
150 мл масло
450 г брашно
10 г прашок за печиво
ЗА КРЕМ (може пудинг од ванила):
опционо помешајте:
700 г цврст јогурт или кисела павлака
200 г кондензирано млеко
за декорација: 50 г растопеночоколадо
ПОСТАПКА:
Соединете ги јајцата со шеќерот, солта и ванилата. Додајте ги павлаката и маслото, промешајте, па сипете го брашното помешано со прашокот за печиво. Треба да добиете компактно меко тесто.
Со лажица црпете од тестото и ставајте во плех обложен со хартија. Печете 10-15 минути во загреана рерна на 180 степени. Печените колачи оставете малку да подизладат, па кратко потопувајте ги во кремот од павлака.
Наредете ги во куп, едно до друго во десертна чинија, оставете да се стегне 2-3 часа во фрижидер, па декорирајте со растопено чоколадо. Постапката погледнете ја ОВДЕ: