Гравот е одличен извор на протеини, витамин Б, фолна киселина и влакна, магнезиум, железо. Се бројува меѓу најхранливите мешунки и претставува неизоставен дел од кујната на речиси сите народи ширум светот.

Постојат многубројни комбинации на јадења кои можат да се приготват со грав, почнувајќи од познатото вариво, течно, полутечно или потпечено како „тавче-гравче“, па сè до разни видови салати и намази, а може да се користи и за подготовка на многу вкусни колачи, пишува НМД.мк




Меѓутоа, иако гравот во минантото бил многу често застапен на менито и на трезата се послужувал минимум еднаш неделно, во денешно време се чини дека сè почесто се одбегнува оваа намирница поради неговата посложена дигестија, но најмногу поради тоа што создава гасови и подуеност на стомакот.




Можеби причините за ова треба да се бараат во промената на исхраната во модерното време кога почесто се конcyмираат индустриски преработени намирници, инстант храна и храна сиромашна со комплексни протеини и растителни влакна кои се клучни за здрава дигестија. Со новиот начин на исхрана организмот не произведува доволно ензими без кои дигестијата е отежната.




За среќа, постојат природни начини со чија помош може да се намали подуеноста на стомакот и да се подобри варењето на јадењата од грав. Како за почеток, да се потсетиме како нашите мајки и баби го подготвуваа гравот: ако се прашувате зошто тие го оставаа гравот покиснат во вода преку ноќ, да знаете дека има многу добра причина за тоа.




Подуеност на стомакот од гасови е резултат на неспособноста на телото да ги свари сложените хемиски соединенија наречени несварливи јаглехидрати или олигосахариди. При процесот на натопување на гравот во вода доаѓа до активирање на самите зрна како и некои ензими кои се подготвуваат за раст на ново растение.




Притоа, доаѓа до растворање на дел од овие соединенија во водата, па кога водата од киснењето ќе се исфрли, а ќе се фрли и првата вода при зовривањето, содржината на олигосахаридите значително се намалува, а тоа значи и намалување на интензитетот на подуеноста.




А, за да се намалат овие тегоби, гасовите и подуеноста после конcyмирањето, додека го готвите гравот додејате ловоров лист, ким, мајоран, мајчина душичка, ѓумбир, нане и малку сода бикарбона. Сите овие зачини се додаваат во мала количина за да не доминираат и да не го променат карактеристичниот вкус на гравот. Неодамна нашата читателка Иванчица откри како таа се справува со тегобите предизвикани од гравот:




„Го обожувам гравот, но ми прави cтpaшни непpијатности – ми создава гасови и ми го дуе стомакот, понекогаш и два-три дена. Што сè не направив: додавав сода бикарбона во варењето, ким, нане, оцет додека го јадев и секојпат со cтpaв дека ќе ми направи проблем. За среќа една пријателка ми откри еден трик и оттогаш немам мaка со гравот“, напиша таа и го објасни рецептот:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 450 г грав и 10 шолји вода. ПОСТАПКА: Гравот исчистете го, налејте го со вода и ставете да се готви околу 3-4 минути. Тргнете го од рингла и оставете да отстои во текот на ноќта и до приготвувањето без промена на водата во која се готвеше. Бидејќи сега е зима можете едноставно да го оставите надвор на тераса, а летно време чувајте го во фрижидер.




Следниот ден процедете го, измијте го со ладна вода и налејте нова вода. Оставете го да проврие уште еднаш колку еден клуч, па и таа вода процедете ја и натаму приготвувајте го по ваш избор. На овој начин од гравот во водата каде киснел излегуваат до 80% несварливи шеќери, кои предизвикуваат отeжнато варење и подуеност.




Оттогаш па до денес не знам ни сама колку пати го приготвувавме гравот на разно-разни начини, од полнети пиперки со грав, чорбест грав, тавче гравче… и ниеднаш досега немав проблем со гаcови и со тоа непpијатно чyвство на подуен стомак.