Home посни колачи Фантастична торта од жито и ореви без печење, лесно и едноставно се...

Фантастична торта од жито и ореви без печење, лесно и едноставно се приготвува, а многу вкусна и здрава за јадење

Рецепт и видео презентација на „Кујната од Лета” (Letina Kuhinja): Торта од жито.

Оваа торта може да ја приготвите од било кои житарици кои вам ви се вкусни: од варен интегрален ориз, варена пченица, јачмен, овес… Во рецептот тортата е приготвена со пченица.

Потребни состојки:

500 г варено жито/пченица
150 г шеќер во прав
300 г мелени ореви
1 ванилин шеќер
200 мл растителна слатка павлака

Постапка:

Пченицата добро измијте ја и ставете ја во тенџере во вода за да се вари. Најпрво вклучете на најсилна температура додека да зоврие, а потоа намалете на умрено и варете ја околу еден час.

Потоа тргнете го тенџерето од рингла, оставете го поклопено и завиткајте го со неколку крпи. Вака оставете го постепено да се лади преку цела ноќ.

<

Варената пченица сомелете ја во сечко или блендер. Мелете ја постепено, односно колку што собира во блендерот. Мелената пченица ставете ја во поголем сад и додајте 150 г шеќер во прав, а по желба додајте и повеќе ако сакате да ви биде послатко. Изматете со миксер за убаво да се соедини шеќерот во пченицата.

Во смесата додајте еден ванилин шеќер и 300 г мелени ореви, па добро изматете и изедначете. Калапот за торти малку намастете го со путер и наросете го со мелени кекси. Потоа постепено започнете смесата да ја распоредувате во калапот. Внимавајте убаво да ја нанесете и да не ви остануваат празни воздушни простори.

Изматете ја слатката павлака како шлаг, па и неа нанесете ја одозгора и израмнете. Тортата оставете ја во фрижидер да се олади најмалку 1-2 часа, а потоа можете да ја пресечете и да ја послужите. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.