Фото и рецепт на Бранка Јаков – лек за висок шеќер (видео презентацијата може да се погледне во групата НМД рецепти).

Рецептот и своето искуство со овој природен лек го објави нашата драга членка Бранка Јаков во групата НМД рецепти.

Таа вели дека лично го испробала овој напиток и дека многу и помогнал. Многу сме благодарни за споделениот рецепт, но и за снименото видео во кое може да се види постапката и објаснувањето. Се надеваме дека на многумина ќе им биде од помош ова искуство на нашата драга Бранка.

“Еве и од мене нешто домашно од мојата бавча, а со него и рецепт со видео со подготвка на лек за луѓето што имаат покачен шеќер во крвта. Јас го испробав и многу ми помогна. Поздрав од градот на оризот, градот Кочани и Општина Чешиново-Облешово”- срдечно, Бранка Јаков.

Потребни состојки:

1 тенок постар праз, свеж со корења и 1,5-2 литри газирана/минерална вода

Постапка:

Се корне еден страк праз и убаво се истресува од земјата. Коренот треба да се сочуван, свеж и неоштетен. Се мие долго време под млаз ладна вода, сè додека од него да се испере и најмалата нечистотија.

Исто така се мијат убаво и листовите и секој превој каде што би можело да се задржи земја или нечистотија. Од листовите се потсекуваат само врвовите кои најчесто се засушени. Ако празот е многу долг се сече на два или три делови за да го собере во шише од 2 литри. Шишето исто така, претходно треба да е добро измиено.

Делот со корењата (брадичката), средишниот бел дел од стракот и околу 5 см од зелениот дел треба да биде во едно парче. Потоа шишето се дополнува со газирана вода и се затвора со капачето.

Шишето се протресува и се остава на ладно 24 часа. Во меѓувреме 5-6 пати шишето треба да се протресе за да може водата да ферментира.

Најдобро би било ова да се приготви наутро, за да може со пиење да се отпочне од следното утро. Нема определена доза, може да се пие целата течност наместо вода во текот на денот.

Оваа една доза е доволна за 24 часа. За следниот ден се приготвува нова доза, а целата терапија трае еден месец. После еден месец се прави пауза од 7 дена, се проверува шеќерот во крвта, па доколку имате потреба се повторува уште еднаш. Празот не се фрла, се јаде како салата.

Фото и рецепт на Бранка Јаков.