Едноставен КОЛАЧ СО ОРЕВИ…Се топи во уста…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За бисквит:
3 јајца
150 г шеќер
140 г млеко
90 мл масло
210 г брашно
2 лажици какао
1.5 лажица прашок за печиво
За сируп:
400 мл вода
100 г шеќер
малку сок од лимон
За фил:
100 г чоколадо
100 г путер
250 мл млеко
100 г шеќер
250 г мелени ореви
ПОСТАПКА:
Со жица маталка соединете ги јајцата и шеќерот, па додајте млеко и масло, па на крај брашно, какао и прашок за печиво. Смесата излејте ја во калап со средна големина, намастен и набрашнет и печете 25-30 минути во загреана рерна на 180 степени.
Бисквитот оставете да се олади, па сварете го сирупот: од моментот кога ќе зоврие оставете на ниска температура да се вари 4-5 минути, па додајте малку сок од лимон. Со топлиот сируп залијте го ладниот колач.
Во тенџере сипете чоколадо, путер, млеко и шеќер и ставете на оган да зоврие и состојките да се растопат. Тргнете од оган и сипете ги оревите. Промешајте и смесата распоредете ја врз колачот.
Кога ќе се олади одозгора посипете го со мелени ореви. Постапката погледнете ја ОВДЕ: