Едноставен колач со јаболка и цимет…Го поливам со бел крем и станува уште пораскошен и со побогат вкус…Брз, лесен и многу вкусен…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За фил помешајте:
3 јаболка ситно исечкани
1 лажица цимет
50 г кафеав шеќер
*Гответе 3-4 минути на среден ога и оставете да се олади
За тесто:
150 г шеќер
290 г брашно
2 лажички прашок за печиво
240 мл млеко
2 јајца
90 г растопен путер
1 лажичка ванилин екстракт
1/2 лажичка есенција од бадем, опционо
бадеми (листови) за декорација
За бел крем добро промешајте:
3 лажици крем сирење
60 г шеќер во прав
ПОСТАПКА:
Помешајте брашно, прашок за печиво и шеќер. Сипете растопен путер, ванила и јајца, па повторно измешајте. Смесата сипете ја во калап 20х20 см обложен со хартија.
Одозгора распоредете ги јаболката со циметот и печете 40-50 минути во загреана рерна на 170 степени. Печениот колач посипете го со бел крем. Постапката погледнете ја ОВДЕ: