Едноставен, а совршен…Мек колач со џем кој се топи во уста…
Едноставно совршено! Мек колач со џем што се топи во уста! Направете мек колач со џем од состојки кои секој ги има дома. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
3 јајца
1 прстофат сол
100 г шеќер
250 г џем по избор
1 кесичка ванилин шеќер
11 г прашок за печиво
150 г брашно
ПОСТАПКА:
Белките пенасто изматете ги со прстофат сол во цврст снег, а жолчките со шеќерот и ванилиниот шеќер изматете ги додека да згуснат. Нежно соединете ги двете смеси со шпатула.
Сипете го џемот, измешајте, па додајте го просеаното брашно со прашокот за печиво.
Смесата распоредете ја во калап кој сте го подмачкале со масло. Ставете да се пече во загреана рерна на 180°C околу 30-35 минути. Постапката погледнете ја во видеото ОВДЕ: