ЕДНОСТАВЕН ЈАФА КОЛАЧ…Децата секој ден го јадат, ама и сосетките не седнуваат на кафе без овој десерт…Многу брз и лесен…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
3 јајца
1 прстофат сол
1 лажичка рендана кора од портокал
130 г шеќер
60 мл масло
150 г брашно
1 лажичка прашок за печиво
60 мл сок од портокал
1/2 лажичка есенција од портокал, опционо
1 лажичка екстракт од ванила
За глазура загрејте на ниска Т:
100 г црно чоколадо
120 мл слатка павлака
калап 20х20 см
се пече 25-30 минути во загреана рерна на 170 степени
ПОСТАПКА:
Пенасто изматете ги јајцата со сол и шеќер, па додајте кора од портокал и масло. Во смесата сипете просеано брашно помешано со прашок за печиво и измешајте со шпатула.
На крај додајте екстракт од ванила и портокал, како и сокот од портокал. Изедначете, па смесата сипете ја во обложен калап и испечете.
Кога бисквитот ќе се олади со дршка од дрвена лажица направете дупчиња и залијте го со чоколадната глазура. Оставете да олади пред послужување. Постапката погледнете ја ОВДЕ: