Според народната поговорка, за човек со добро здравје се вели дека е здрав како дрен.

Таа споредба не е случајна, бидејќи самото дрво е многу отпорно на болести и може да доживее повеќе од сто години.

Дренката (лат. Cornus mas) расте речиси во целиот свет, но најдобро успева во средна и југоисточна Европа и југозападна Азија. Може да се пронајде на суви, сончеви и камени страни од листопадните храстови шуми.

Дренката е листопадна грмушка или помало дрво кое може да порасне најмногу до 8 метри. Крошната е густа и заоблена, а листовите се овални со извлечени краеви. Цвета во фебруари и март, а созрева од јули до октомври.

Плодовите се познати и под името дренинки. Те се темноцрвени, со должина од 14 до 16 мм, а во средината на плодот има семка. За лековити цели се користи: кора, лист, цвет и плод. Плодовите се берат штом започнат да добиваат црвена боја и се сушат на топло место.

ЛЕКОВИТИ СВОЈСТВА

Содржи голема количина природен шеќер, органски киселини, пектин, танини и исклучително многу витамин Ц, двојно повеќе отколку во портокалот.

Плодовите се јадат свежи, може и да се замрзнат, се сушат и се преработуваат во џем, слатко, компот и сок.

Се користи во лекување на анемија, воспалено грло, болести на бубрезите, дијареа, хемороиди, дијабетес, брзо зараснување на рани.

Кората и листовите на дренката содржат антимикробиолошки својство, а меснатиот дел од плодот и маслото од семките може да се користат за регенерација на кожата и слузокожата.

Сокот, џемот и чајот помагаат при дијареа и други заболувања на органите за варење. Доколку покрај дијареата се јави и грозница, тогаш се препорачува чај од кората на оваа билка.

КАКО НАРОДЕН ЛЕК ПОМАГА КАЈ СЛЕДНИВЕ БОЛЕСТИ:

-воспалено грло
-болести на бубрези
-анемија
-дијареа
-грозница
-рани
-хемороиди
-менструални болки
-зголемен шеќер
-вишок вода во организмот
-ослабен имунитет
-тинитус

Плодовите од ренките се јадат свежи, смрзнати или сушени. Може да се приготвуваат сокови, чаеви, тинктура и ликери. Чаеви исто така се приготвуваат од кора, цвет или листови од дренка.

ЧАЈ ОД ДРЕНКА

Кора, плодови, цветови или листови од дренка, се сушат на суво и топло место. Се варат 5-10 грама сува билка 5 минути во 200 мл вода. Се трга од оган, се поклопува и после 20 минути се процедува. Се пие по една шолја незасладено, трипати дневно. Овој чај може да го пијат и деца доколку имаат дијареа.

Чајот од дренки помага за:

-Цревни тегоби
-грозница
-болести на грло
-слабокрвност
-слаб имунитет
-чистење на организмот

СОК ОД ДРЕНКИ

Постојат повеќе начини за приготвување на сок од дренки, но се препорачува да се приготвува без шеќер и вештачки засладувачи. За природен сок од дренки потребен ви е блендер или газа, за да ги потиснете плодовите и да добиете сок.

Потребни состојки се 1 килограм зрели плодови, 1,5 литри вода и 1 лимон. За да ги сомелете во блендер, потребно е претходно да ги исчистите од семки со потиснување низ сито и газа. Добиената смеса разредете ја со вода и исцеден сок од лимон, а по желба додадете мед или стевија. Сокот ја подига енергијата и го јакне имунитетот.

Сокот помага при:

-чистење на организмот
-исфрлање на вишок течности од телото
-анемија
-болести на цревата
-намалување на температура
-закрепнување од дијареа и повраќање
-јакнење на организмот
-грозница

ЏЕМ ОД ДРЕНКИ

2 кг дренки се мијат и се пасираат низ сито за да се исчистат од семките. Им се додава 500 г шеќер и се готват на оган. Кога џемот ќе почне да се згуснува се додава уште 500 г шеќер и се вари до крај. Се собира во врели тегли, се остава 24 часа да излади, па потоа се затвора со целофан и капаци.