Многу вкусен и лесен за приготвување.

Потребни состојки: 400 мл млеко, 1 пудинг од ванила, 2 јајца, 40 г шеќер, 170 г путер или маргарин, 150 г шеќер во прав, 200 мл слатка павлака, 48 петит бисквити и млеко и рум по потреба

Постапка: На оган ставете 350 мл млеко да се загрее, а во остатокот измешајте јајца, пудинг и шеќер. Кога млекото ќе проврие, тргнете од оган и лесно во него додадете ја смесата од јајца и пудинг.

Добро промешајте, вратете на тивок оган со постојано мешање додека да се свари како пудинг. Оставете да излади со повремено промешување за да не фати кора, или пак, ставете проѕирна фолија.

Путерот пенасто изматете го со шеќерот во прав, па додадете го во кремот и заедно измиксајте ги полека за да се соединат.

На тацна за сервирање на редете 16 бисквити кои ќе ги натопите со малку млеко и рум по желба. Редете: ред бисквити, ред крем, повторно бисквити, крем и на крај бисквити.

Изматете шлаг и украсете го колачот, а по желба наросете го со какао, шарени трошки или рендано чоколадо.

Оставете најмалку во фрижидер за да се соединат состојките. Јас направив 4 реда, т.е. 3 х крем..4 х бисквити, па добив помал и повисок колач. Баба ми кремот го мачкаше врз бисквитите, а јас го истиснував во мали целуфки и ги редев така да добијам веднаш коцки кои не треба да се сечат.