Подобра домашна бела чорба од оваа сигурно не сте јаделе досега. Преполна е со зеленчук, многу е вкусна, а го јакне и организмот. Овие топли залаци ќе ве заситат и воодушеват. Доколку чорбата ја преферирате без месо, тогаш следете го првиот рецепт.

рецепт 1

Но, не пропуштајте го и вториот рецепт, кој се приготвува со малку бело месо и е најдобриот досега од сите останати рецепти за бела кафеанска чорба. Ви пренесуваме рецепт кој ќе ве врати во времето кога во рестораните ширум нашата земја редовно се послужуваше оваа вкусна чорба. Еве што ви е потребно:

рецепт 2




РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кг компир, 1 поголема главица кромид, 1 голем страк праз, 2 моркови со средна величина, 2 пиперки (зелена и црвена или какви имате), 2 литри булјон, 50 г тестенини. И уште: 2 јајца и 100 г кисела павлака

РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 главици кромид, 3 моркови со средна величина, 3 компири, 400 г пилешко бело месо, 1 лажица брашно, сол, црн пипер во прав, сув зеленчуков зачин (вегета), 3 жолчки, 180 мл кисела павлака, 2 супени лажици сок од лимон, ловоров лист.




ПОСТАПКА за рецепт 1: Морковите излупете ги и изрендајте ги на крупната страна од рендето. Во длабока тава или тенџере загрејте малку масло на умерена температура, па пропржете го ренданиот морков додека малку да омекне.




Додека се динста морковот, мо меѓувреме ситно исечкјате го кромидот и празот, па додајте ги во тенџерето и посолете. Промешајте и продолжете го динстањето, а за тоа време ситно исечкајте ги пиперките, додајте ги во останатиот зеленчук и промешајте.




Поклопете го тенџерето и динстајте 5 минути на тивок оган. Компирот измијте го, излупете го и исечкајте го на мали коцки, па додајте ги во тенџерето, а потоа залијте го сиот зеленчук со подготвениот булјон. Булјонот може да биде купечки, да го направите сами од претходно, или пак да растворите коцки за супа во топла вода.




Гответе на тивок оган 10-тина минути, а потоа додајте ги тестенините. продолжете го готвењето на ниска температура уште 12 минути. Свежиот магдонос и малку нане ситно исечкјате ги, па додајте ги во чорбата и исклучете ја ринглата.




Оставете малку да подизлади. Во посебен сад изматете ги јајцата со киселата павлака, додајте малку од топлата супа и изедначете, па целата содржина сипете ја во чорбата додека непрекинато мешате. Деталите погледнете ги ОВДЕ, а следи постапката за вториот рецепт:




ПОСТАПКА за рецепт 2: Кромидот исечкајте го на ситни коцкички и ставете го да се пропржи на малку масло. Пржете го наколку минути на умерена температура додека да омекне и да застакли. Белото пилешко месо исечкајте го на коцки, па додајте го во кромидот.




Врз месото наросете малку брашно, па продолжете со динстањето. По пет минути, започнете постепено да додавате вода. Потоа додајте ситно сечкани или рендани моркови, малку ситно сечкан магдонос и компирите кои претходно сте ги исчистиле и исечкале на ситни парчиња.




Посолете, запиперете и додајте сув зачин по вкус, па налејтеуште малку вода и продолжете со варењето на „тивок“ оган. На оваа количина состојки ќе биде доволно да се додадат два литра вода.

Повремено мешајте ја чорбата. По околу еден час, чорбата ќе биде готова. Тргнете го тенџерето од шпорет, а потоа постепено додајте ги изматените жолчки со кисела павлака, непрекинато мешајќи.




Убаво промешајте ја супата уште неколку пати, за да може мешавината од павлака и жолчки да се соедини со останатите состојки. Ако сакате чорбата да има повеќе кисел вкус, на крајот додајте сок од лимон и повторно промешајте.

При сервирањето ситно исечкајте еден лист свеж магдонос, па наросете го на средината на чинијата. Доколку сакате да направите чорба без запршка следете го ОВОЈ рецепт, а пак, рецептот за кремаста чорба со грашок прочитајте го ОВДЕ.

Посна рибја чорба ОВДЕ, а посна витаминска чорба ОВДЕ. Доколку сакате да го прочитате рецептот за детокс супата, ќе го најдете ОВДЕ, а рецептот за манастирската чорба со коприви ОВДЕ.