Детокс супата најдобро функционира во лето, бидејќи при големи температури на телото му е потребна поголема хидратација и лесна храна богата со нутритивни својства. Најдобро е овој период да конcyмирате нешто лесно, што нема да ви предизвикува тежина во стомакот.




Чорбата се подготвува многу лесно, а сепак е многу вкусна и здрава. Настрана, секако може да ја јадете со 1 парче интегрален леб. Сè на сè ќе ви биде потребно неколку зеленчуци, вода и билни зачини, а по желба може да ја приготвите со или без месо. Во продолжение прочитајте ја целата постапка:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 главица кромид, 1 морков, 500 г месо по ваш избор (пилешко, говедско..), 3 средни компири, 1 црвена и 1 зелена пиперка, 1 средна тиквичка, 2 чешниња лук, 1 коцка за супа (пилешка), 2 големи лажици доматен сос (паста) и 100 мл вода.




ПОСТАПКА: Исечкајте 1 главица кромид на ситни коцки и ставете да се пропржи во тенџере со малку масло. Додека кромидот се пржи на тивко, излупете и исечкајте го морковот на кругови, па додајте да се пржи во кромидот.




Кога кромидот доволно ќе омекне, додајте го месото исечкано на коцки. Пржете уште некое време додека месото фати коричка, ако е говедско и да посиви, може да ставите и пилешко месо. Кога месото ќе биде зготвено, се додаваат 3 средни компири исечкани на коцки.




При крајот се додава 1 зелена и 1 црвена пиперка, но најпрво од нив потребно е да ги отстраните семките, кои можат ви предизвикаат тешко на стомакот. Додајте ги пиперките и додека сите состојки се пропржуваат направете ја пастата:




2 ситно сечкани или издробени чешниња лук соединете ги со коцка за супа. Ставете 2 големи лажици доматен сос и 100 мл вода. Соединете, па прелијте ја течноста во чорбата. Зачинете по вкус со сол, црн и црвен пипер.




Супата се готви околу 20 минути на средна температура, покриена со капак. Потоа се послужува топла. Доколку го сакате киселиот вкус може да ставите и 1 лимон исечкан на кругови да се вари во неа, или да го исцедите сокот. Супата така излегува уште поздрава. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.