Бобинките од бозел се многу лековити, но не треба да се јадат сурови, туку потребно е термички да се обработат. Најдобри се сокот и џемот од бозел, а може да направите и слатко. Џемот е добар за искашлување, но и за колачи и палачинки

Џем од бозел – Потребни состојки: 1 кг бобинки од бозел, 500 г шеќер, 1 лимон (сок и пулпа) и 1 пакување желатин

Постапка: Бобинките убаво се чистат и мијат, па се ставаат на оган да провријат околу половина час. Тегличките  и капачињата се ставаат во рерна на 50 степени околу 20 минути.

Во бобинките се додава желатинот па се вари уште уште 5 минути. Се додаваат шеќерот и лимонот, се промешува уште малку додека да се изедначи а шеќерот да се растопи. Се полнат топлите теглички, се затвораат и за кратко се превртуваат наопаку.

СОК ОД БОБИНКИ БОЗЕЛ – Потребни состојки: 2,3 кг исчистени бобинки бозел, 500 мл вода, 4 каранфилчиња, 1 лимон, 1 портокал, 1 кг шеќер и 20 г лимонтус

Постапка: Измиените бобинки се прелеваат со вода и се варат со вода околу 20 минути додека да омекнат. Добро се процедуваат и во врелиот сок се додаваат каранфилчињата, кора од лимон и портокал. Јас кората ја излупив со нож за компири.

Се поклопува и се остава да излади, околу 2-3 часа. Се додава шеќер и се вари 10-20 минути додека да исчезне пената која треба да се трга. Тргнете од оган и додадете лимонтус, промешајте и складирајте во шишиња.