Ако ви влегла морска вода во уво, веднаш направете вака за да се спасите од инфекција

Во продолжение можете да прочитате како сами себеси најбрзо да си помогнете доколку при пливањето ви влезе морска вода во увото.

Сите ние уживаме во благодетите и магијата на морското море и едвај го чекаме годишниот одмор и летувањето. До додека нуркаме и пливаме, некогаш се случува морка вода да ни влезе во уши, па подоцна да ни предизвика вистински непријатности.

Заробената вода во ушите најчесто сама излегува, но доколку се задржи подолго од три дена може да предизвика сериозни инфекции. Јасни показатели за ова се оток, црвенило и силни болки.

Инфекцијата во уво никако не смее да се игнорира, бидејќи може да остави тешки последици, вклучително и губиток на слухот.

-Скокање

Навалете ја главата кон рамето на онаа страна од увото во кое ви влегло вода, па започнете да скокате на една нога и да си помагате со дланката протресувајќи го целото уво.

-Протресување на ушната ресичка

фатете ја ушната школка и лесно повлечете ја или протресете ја, а истовремено зафрлете ја главата кон рамото. Истото направете го и со ушната ресичка.

-Гравитациона помош

легнете на страна неколку минути и почекајте течноста сама да истече.

-Направете вакуум

навалете ја главата на страна, ставете ја дланката на уво и лесно притиснете за да се создаде вакуум. Со брзи и кратки движења движете ја раката кон увото, а потоа ослободете го. За цело време зафрлајте ја главата кон рамето за да излезе водата.

-Топла облога

Натопете парче ткаенина со топла вода и добро исцедете ја. Главата наведнете ја кон рамото, а на увото ставете ја облогата. Нека отстои 30-тина секунди, па тргнете. Почекајте 1 минута, па повторете уште 2-3 пати. Направете бања за инхалирање со тоа што главата ќе ја покриете со пешкир и ќе ја наведнете со болното уво кон испарувањето.

-Загрејте го увото со фен за коса

Со помош на фен за коса загрејте го увото за да може со помош на топлината побрзо да испари водата. Држете го фенот на безбедно растојание од околу 30 см и користете најмала брзина. Движете го фенот напред-назад и лесно повлечете ја ушната школка неколку пати.

-Капнете алкохол

Измешајте алкохол со оцет во еднаков однос и со помош на стерилна пипета капнете 3-4 капки во увото. Почекајте 30-тина секунди, па зафрлете ја главата на страна за да излезе течноста. Алкохолот би требало да го забрза испарувањето и да спречи појава на инфекција. Овој метод не се препорачува доколку веќе имате инфекција во уво, дупнато тапанче или било какви вродени аномалии.

-Маслиново масло

Загрејте го маслото на температура од телото, па капнете 2-3 капки во увото. Легнете на страна 10-тина минути, а пото исправете се и наведнете ја главата кон рамето.

-Прозевајте се

Движењето на долната вилица додека се прозеваме или џвакаме, може да ја ослободи “заробената” вода.

-Валсава маневар

затворете ја устата, со прстите стиснете ги ноздрите и лесно дишете на нос. Бидете внимателни бидејќи оваа постапка може да го оштети тапанчето доколку пресилно дувнете. Наведнете ја главата на страна за да излезе целосно водата.

ШТО НИКАКО НЕ СМЕЕТЕ ДА ПРАВИТЕ?

Никогаш не го чепкајте увото со стапчиња за уво, со прсти или некој друг објект, бидејќи така ќе внесете повеќе бактерии во увото кое и онака е во опасност од воспаление, а на тој начин можете подлабоко да ја бутнете водата во слушниот канал.

Заробената вода со текот на времето сама ќе излезе, но доколку тоа не се случи, обратете се на лекар.

Loading...