ДЕСЕРТ ВО ЧАША ЗА 5 МИНУТИ…Чоколаден мус кој се топи во уста…Брза и лесна подготовка, само треба да почекате да се олади…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со мала чајна чаша од 100 мл):

200 мл слатка павлака
170 г црно околадо (може и млечно или бело, но ќе има помека конзистенција)
1 жолчка
1 мала чајна чаша млеко, 2 прста празна
за декорација ф’стаци или мелен лешник, бадем, орев…

ПОСТАПКА:

1.Половина чајна чаша павлака се меша со млекото и се загрева на оган, да биде топло, но не треба да зоврие.

2.Во друг сад се става жолчката на собна температура и полека се додава топлото млеко со непрекинато мешање. на тој начин жолчката ќе се свари, но нема да се создадат грутки.

3.Во топлата мешавина додајте го чоколадото (капки, струготини или исечено на помали парчиња) и мешајте за да се растопи и изедначи.

4.Остатокот од слатката павлака (ладна) изматете ја со миксер за да добиете цврст шлаг.

Сипете го во чоколадната смеса и нежно промешајте со лажица додека да се изедначи.

5.Штом целосно се изедначи, можете да го претурите во десертни чаши и да оставите да се олади. Декорирајте по желба и послужете го десертот добро изладен. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/FKAwlX7KSeM?si=me8zjoTffvkAfHVr