Хиперпигментацијата може да биде многу „тврдоглава“ појава на кожата, особено ако сте склони на акни. Сето ова е уште пофрустрирачко во текот на летните месеци, кога под влијание на сонцето, хиперпигментацијата станува уште позабележителна.




Шминката, која обично ја сведуваме на минимум во текот на летните месеци, особено не се препорачува доколку кожата е склона на хиперпигментација, бидејќи тогаш уште повеќе се влошува состојбата, пишува НМД.мк




Според дерматолозите, не мора летно време да стра-дате од хиперпигментација, затоа што постојат неколку едноставни работи што можете да ги направите и да ужи-вате во летото и во вашата кожа.




Што е хиперпигментација?

Хиперпигментација е општ израз кој се користи за да се опишат дамки и неправилности на кожата и кои се потемни од нормалната боја на кожата. Дамките можат да бидат во различни бои – светло или темно кафеава, жолта, црна или сива боја и обично се предизвикани од зголемено производство на меланин во кожата.




Третманот на хиперпигментација трае долго време. Всушност, може да трае една година или две за да исчезнат сите дамки, а за луѓето кои имаат потемен тен, сето тоа трае уште подолго.




Кожата на лицето е чувствителен о рган, кој се менува со текот на годините, како и целото наше тело. Сончевото зрачење, хормоните, стареењето и исхраната се фактори кои влијаат на изгледот на кожата, па дури и на хиперпигментацијата.




Што предизвикува хиперпигментација?

Понекогаш дамките се појавуваат веднаш штом започне сончевото време, особено со доаѓањето на пролетта, а кожата на лицето е прва на удар. Во некои случаи, хиперпигментацијата може да биде симптом на состојба на кожата, како што е мелазмата, што предизвикува сиви или кафеави дамки на лицето, вратот, градите, а понекогаш и на други делови од телото.




Хиперпигментацијата исто така може да биде последица на акни, егзема и псоријаза. Овие кожни состојби често предизвикуваат лузни, што резултира во темни дамки кои остануваат на кожата.




Хормони

Хормоналната нерамнотежа исто така ја зголемува можноста за хиперпигментација. Естрогенот и прогестеронот можат да го зголемат производството на меланин, и секако постои генетика која исто така игра значајна улога. „Зад сцената“ работат стотици гени кои го регулираат нашето производство и дистрибуција на меланин.




Изложување на сонце

Изложеноста на кожата подолго време на сонце може да доведе до хиперпигментација. Еден од најлесните начини да ја заштитите кожата од промена на бојата е да нанесувате крем со заштитен фактор секојдневно, без разлика на тоа какво е времето (сончевите зраци продираат и преку облаци), и на тој начин долгорочно ќе го заштитите вашето лице.




Како да се отстранат дамките од лицето

Дерматолозите препорачуваат четири клучни чекори во бор-бата против хиперпигментацијата: пилинг што ќе го зголеми производството на нови клетки на кожата; заштита на кожата од воспаление; заштита на кожата од сонце; спречување на производство на меланин со производи кои ја осветлуваат кожата




Пилинг. Пилингот правете го еднаш или двапати неделно за да ги отстраните мртвите клетки на кожата. Ова ќе помогне да се ослободите од хиперпигментираните клетки и да го забрзате заздравувањето.

Хемискиот пилинг е најефикасен, бидејќи продира подлабоко во кожата отколку физичкиот пилинг. Физичкиот пилинг може да биде премногу груб, а исто така може да создаде воспаление што подоцна може да доведе до дополнителна пигментација.

Хемискиот пилинг помага во обновување на површината, обезмастување и осветлување на кожата и може да помогне во изедначување на темните делови на лицето, вратот или градите. Користете пилинзи за кожа кои содржат алфа хидрокси киселини (AHA) и бета хидрокси киселини (BHA).

АХА или овошните киселини се мешавина од растителни, алфа – хидрокси киселини добиени од 5 различни растителни видови: јаболка, лимони, боровинка, шеќерна трска и листови од грозје. Овие киселини се раствораат во вода, но не се раствораат во масла.

БХА киселините се растворливи во масла, а најпозната е салицилната киселина, која делува многу благотворно на кожата на лицето.

Заштитете ја кожата од воспаление. За да се заштитите од воспаление, побарајте во креми или други препарати да содржат состојки како ресвератрол (полифенол кој природно се наоѓа во кожата на црвено грозје, бобинки, сливи, кикирики), витамин Е и Centella asiatica (готу кола), растение за кое слободно може да се каже дека сè попопу-ларната корејска козметика се базира на оваа билка.

Антивоспалителните производи се ефикасни затоа што имаат способност да намалуваат одредени протеини и да го зголемуваат производството на антиинфламаторни молекули во кожата.

Тие исто така обезбедуваат бариера за влага, ги ублажуваат ефектите од оштетување на сонцето и го намалуваат отокот на кожата предизвикан од УВ зрачење, како и други видови на воспаление на кожата.

Заштита од сончево зрачење

Ако нанесувате крем со заштитен ефект само во текот на летото или само на плажа – хиперпогментацијата нема да исчезне. Мора да користите крем за сончање преку целата година, ако знаете дека сте склони кон дамки на вашата кожа.

Кога сте на плажа ставете го кремот на секои два часа. Ако сте цел ден на работа покрај прозорецот, ова треба да го правите и во канцеларија, бидејќи УВ-зраците продираат низ прозорците.

Кремот за сончање е неопходен за долгорочно заздравување на хиперпигментираната кожа. Во лето, УВ зраците на сонцето можат да бидат интензивни. Секојдневно носење на крем за сончање дава дополнителен слој на заштита и помага да се намалат шансите за ширење хиперпигментација.

Пред да купите крем за сончање, задолжително истражувајте за видот на кремот и состојките што најмногу одговараат на типот на вашата кожа. Некои креми за сончање содржат потенцијално иритирачки или алергиски состојки. Цинк и титаниум диоксид (физички блокатори) се сметаат за хипоалергични.