Лебот ќе биде мек и свеж со денови: 3 генијални трикови, а последниот сигурно не сте го пробале, го знаат само постарите генерации

Ако сакате лебот да ви трае подолго, еве неколку трикови кои може да помогнат. Лебот е една од основните намирници, тој е лесно достапен и евтин, а го купуваме практично секој ден.




Во разговор со еден сопственик на пекарница, кој сакаше да остане анонимен од разбирливи причини, ни откри доста интересни информации за составот на денешниот леб. Можеби ова не е случај со сите пекарници, но ние ќе ги споделиме информациите што ни ги пренесе овој пекарџија.




Имено, тој ни откри дека помеѓу другите состојки, во замесувањето на тестото за леб користат многу адитиви и вештачки бои кои го одржуваат лебот свеж и му го продолжуваат рокот, но исто така и му го подобруваат изгледот и вкусот.




„Постојат периоди кога користиме повеќе адитиви за да им го зголемиме рокот на траење на печивата и на тој начин привлекуваме повеќе муштерии кои го сакаат ваквиот леб“.




Меѓутоа, кога ќе се намали потрошувачката, ние престануваме да ги користиме адитивите, од едноставна причина: побрзо да им се расипува лебот и повторно да се вратат да купат нов леб“, вели овој сопственик на пекарница.




На прашањето како успеваат „црниот“ интегрален леб да го направат така мек и вкусен, кога нашиот домашен леб приготвен од интегрално брашно излегува тврд, густ и не е така мек, тој ни одговори:




„Многу едноставно, лебот е ист како и белиот, само што додаваме боја за да „личи“ на црн“, ни одговори тој. А кога напоменавме дека многумина луѓе се презадоволни од „црниот“ леб и велат дека се чувствуваат многу позаситено од многу помала количина, за разлика од „белиот“ леб, тој само со прстот се потчукна на челото и рече:




„Сè е на психолошка база, тие така се убедени и така си веруваат. Го користиме истото брашно како и за белиот леб, а со бојата добиваме ефект на „црн“ леб. Потоа ни откри како е најдобро да се чува лебот (оној без адитиви), за да му се продолжи рокот на траење.




КУЈНСКА ПАМУЧНА КРПА

Не чувајте го лебот во кутија, туку завиткајте го во чиста крпа направена од природен материјал. Тоа ќе му овозможи на лебот да „дише“ доволно и нема да му се создаде влага, а сепак нема да му дозволи да се исуши до следниот ден. Купете неколку крпи кои исклучиво ќе ги користите само за леб.




Хартиена кеса. Набавете хартиени кеси кои добро се затвораат и чувајте го лебот во нив. Тоа е одлична опција за оние видови леб кои треба да имаат крцкава кора.

ЗАМРЗНУВАЧ

Постарите генерации сигурно се сеќаваат на овој трик од минатото кога имаше недостиг и кога честопати во замрзнувачот се оставаа и по неколку векни леб за „недајбоже“. Ако сте од поновата генерација, можеби и не знаете дека лебот може да се чува во замрзнувач.




Ова особено е одлично ако купувате леб веќе исечкан на парчиња, па секогаш можете да си извадите само онолку колку што ви требаат. Истото можете да го направите и со домашниот леб: откако сте го испекле и изладиле, исечкајте го лебот на парчиња и ставете го во некоја кутија.




За оваа намена добро е да си набавите специјални кутии со соодветна големина кои добро се затвораат, за да можете лебот да го замрзнувате во нив. На овој начин, лебот може да има рок на ѕтраење и до шест месеци.

Важно е кога го одмрзнувате лебот, тоа да не го правите во микробранова печка (ќе стане многу „пифтиест“), туку да го оставите нормално во садот и самиот да се одмрзне на собна температура.

Уште подобра опција е ако земете „тост“ леб кој веднаш замрзнат можете да го ставате директно во тостерот. Парчето леб ќе излезе крцкаво однадвор, а меко одвнатре, пишува НМД.мк

Претходна статијаДамките на лицето и хиперпигментацијата на кожата најмногу се јавуваат во текот на летото – што ги предизвикува и како се лекуваат
Следна статијаЧај од ориз, јачмен и пченкарна свила: Спас од летните горештини, вишокот масти и главоболки