ЦРН СОЧЕН КОЛАЧ…Брзо се подготвува, а уште побрзо се јаде…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За бисквит:
2 јајца
1 прстофат сол
8 г ванилин шеќер
100 г шеќер
60 мл масло
90 мл млеко
1 лажица инстант кафе
140 г брашно
20 г какао
7 г прашок за пециво

За прелив растопете ги состојките на тивок оган:

1 лажица какао
50 г шеќер
1 лажица инстант кафе
200 мл млеко
100 г темно чоколадо
30 г путер

За втор прелив:
малку млеко + 1 полна лажичка скроб/нишесте/густин
За посипување одозгора: кокос

ПОСТАПКА:

Со жица изматете ги јајцата со прстофат сол, ванила и шеќер, па додајте масло и инстант кафе растворено во млеко. На крај додајте просеано брашно помешано со какао и прашок за печиво.

Смесата сипете ја во намастен и набрашнет калап 18х27 см и печете 30 минути во загреана рерна на 180 степени. Оставете да се олади, па залијте го колачот со 1/2 од преливот.

Во остатокот од преливот додајте го растворениот скроб и вратете на оган да се свари додека да згусне. Сипете го и овој прелив врз тортата, па оставете да се олади. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ: