Фото и рецепт: Мартина Блажевиќ

Потребни состојки:

4 јајца
100 г шеќер
200 г путер
150 г квалитетно чоколадо за готвење
4 лажици остро брашно
½ прашок за печиво

за крем:

500 мл слатка павлака за шлаг
200 г квалитетно чоколадо за готвење
*тортата че има вкус според вкусот на чоколадото

Постапка:

Одвојте ги белките и изматете ги во цврст снег. Олчките заедно со шеќерот изматете ги пенасто, па во нив додадете претходно растопено чоколадо и путер (на пареа или на тивок оган, па малку оставете да изладат).

Потоа додадете го брашното помешано со прашок за печиво. Со лажица додадете го снегот од белки и полека промешајте за да добиете воздушеста смеса.

Смесата излејте ја во калап бр.26 или 28 (претходно намастен и набрашнет или обложен со хартија) и печете во загреана рерна на 170 степени. Кога ќе биде испечена кората прелијте ја со 100 мл топло млеко. По желба можете да додадете чоколадно млеко за да биде уште повкусна.

За крем: слатката павлака ставете ја тивок оган и пред да зоврие тргнете ја од оган и додадете го чоколадото искршено на коцки. Мешајте додека да се растопи и да се изедначи. Потоа можете и со миксер да го изматите за да се изедначи убаво, но не мора. Оставете малку да излади па прелијте преку печената кора.

Напомена: Кората се натопува со врело млеко уште додека е топла, јас ставам 200 мл млеко, добро ја натопувам за да не биде сува.

Чоколадниот прелив исто се прелива врз топлата кора, само да не е многу врело и едното и другото, туку топли.

Кората јас ја печам 20-25 минути на 160-170 степени и проверувам со чепкалка дали е печено. Кај некои рерни може да се пече и на 190-200 степени околу половина час, тоа многу зависи од рерната. Значи печењето прилагодете го според вашата рерна.

Фото и рецепт: Мартина Блажевиќ