За сите обожуватели на чоколадото, овој колач има неодолив вкус! Потребни состојки: 1 чаша кисела павлака (180 г), 7 лажици брашно, 100 мл масло, 2 лажици какао, 4 лажици шеќер, 1 ванилин шеќер, 1 лажичка сода бикарбона, 100 мл ладно млеко и 2 потрокали – рендана кора

За крем: 500 мл млеко, 300 мл вода, 5 лажици шеќер, 3 пудинг од чоколадо, 100 г темно чоколадо. За полевање на кората: сок од 2 портокали

Постапка: Изматете ги сите состојки потребни за тестото, излејте ги во плех и печете на 200 степени околу 15-20 минути. Исцедете два портокали и сокот прелијте го рамномерно преку кората за да го впие.

Млекото ставете го да зоврие со шеќерот, во водата изматете го пудингот и сварете го млекото со постојано мешање додека да згусне.

Во сварениот пудинг искршете го чоколадото и промешајте додека да се растопи и соедини. Врелиот крем излејте го веднаш преку кората и оставете колачот целосно да излади на собна температура.

Потоа ставете го во фрижидер, па кога убаво ќе излади, исечете го на коцки и уживајте во неговиот вкус.