ЧОКО ПЛАЗМА ТОРТА – совршена комбинација од чоколадо и плазма, прсти да излижеш

Потребни состојки:

10 јајца

10 лажици шеќер

8 лажици ореви

4 лажици брашно

1 прашок за печиво

За прелив:

500 мл чоколадно млеко

Фил:

500 г шлаг шлаг во прав

600 мл кисела вода

700 г кисела павлака

250 г шеќер во прав

300 г мелени бисквити/ плазма

Постапка:

Изматете 5 белки во цврст снег и постепено додавајте 5 лажици шеќер, па матете додека шеќерот да се растопи.

Додавајте 5 жолчки една по една, непрекинато матејки со миксерот.

Потоа додадете 4 лажици мелени ореви, 2 лажици брашно помешано со половина прашок за печиво. Сето ова лесно промешајте го со лажица.

Смесата излејте ја во плех обложен со хартија и печете на 200 степени да зарумени. Јас печев во голема тепсија 30 х30 см, а ако сакате можете и во помала за да ви биде повисока тортата.

Од преостанатиот материјал испечете уште една кора.

За фил: Изматете шлаг со 600 мл кисела вода.

Киселата павлака, плазмата и шеќерот во прав измешајте ги, па во тоа додадете 6 лажици изматен шлаг. Сето ова соединете го.

Финална постапка:

Кората ставете ја на тацна па прелијте ја со 250 мл чоколадно млеко, премачкајте со половина фил и врз филот половина шлаг. Преклопете со втората кора и неа прелијте ја со 250 мл чоколадно млеко, со втората половина од филот и втората половина од шлагот.

Фото и рецепт: Александра Томиќ

Loading...