Фото и рецепт: Јелена Аранѓеловиќ

Потребни состојки:

200 г сусам
1 лажица масло
200 г бел локум
200 г желе бонбони или крем бананчиња

Постапка:

Рецептот навистина е многу едноставен. Пропржете 200 г сусам со една лажица масло на тивок оган додека да зарумени, со постојано мешање.

Потоа додадете 200 г бел исечкан локум, па мешајќи изедначете ја смесата.

Ставете фолија на триаголен калап и ставете малку од смесата притискајќи. Потоа наредете 200 г желе бонбони или крем бананчиња.

Преостанатата смеса ставете ја преку желе бонбоните и убаво притиснете и израмнете од сите страни.

Оставете добро да се стегне и потоа сечете ги триаголниците.

Фото и рецепт: Јелена Аранѓеловиќ