Брзи симитчиња меки како памук, брзо се прават а уште побрзо се јадат со ајвар и сирење…Пробајте ги, проверено се добри! Еве што ви е потребно:

Потребни состојки: 

1 сув квасец,
1 прашок за печиво,
2 лажички сол,
4 лажички шеќер,
12 лажици масло,
500 г кисело млеко,
брашно по потреба, околу 1 кг или помалку, за средно меко тесто.

Постапка: 

Квасецот растопете го во половина чаша топла вода со малку шеќер и малку брашно, па оставете го да се запени да се активира. Наведените состојки ставете ги во подлабок сад, па со постепено додавање на брашното замесете мазно, средно меко тесто.

Замесеното тесто веднаш делете го на мали точиња и редете ги во плех обложен со хартија. Топчињата засекувајте ги на врвот со кујнски ножици, па оставете ги да ферментираат и да го зголемат волуменот, па потоа премачкајте ги со јајце и посипете ги со сусам.

Врз секое ставете по едно парченце путер. Ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени додека да заруменат. Послужете ги топли или ладни со чаша јогурт, ајвар и сирење или нешто по ваша желба.

ЕДНОСТАВНИ ТУРСКИ ПОГАЧИЦИ: Идеални за појадок, може да се подгреваат, многу вкусни