Рецепт и видео прилог на Брзи Домашни Рецепти: Пиперки за зима. Брз и едноставен рецепт кој нема да ви одземе многу време, а ќе си направите зимница во која ќе уживате: крцкави киселки пиперки полни со витамин Ц.

Потребни состојки за 1 тегла: 10-тина пиперки, 2 лажички морска сол, 1 лажичка шеќер, 30 мл бел оцет 9%, 1 лажичка сечкан лук, 1 лажица сечкан лист од свеж магдонос, ½ лажичка црн пипер во зрно и вода по потреба

Постапка: Пиперките измијте ги под млаз ладна вода и исцедете ги. Остранете им ги петелките и пробушете ги со врвот на остар нож, на 3-4 места.

Полнете ги теглите со 10-тина исправени пиперки, колку што може да собере. Одозгора ставете две лажички груба сол, една лажилка шеќер, 30 мл алкохова киселина 9%, една лажица сечкан лук и исто толку сечкан магдонос. По вкус додадете и прстофат црн пипер во зрно.

Теглите дополнете ги со вода и цврсто затворете си со метален капак. Протресете ги малку за да се растопат шеќерот и солта и да се соединат состојките. Едно пошироко тенџере наполнете го до половина со вода и ставете го на оган.

Наредете ги теглите во него за да се пастеризираат и варете ги по 15-тина минути од двете страни. Оставете ги да изладат, а после три седмици може да се консумираат. Целата постапка можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ.