Природен лек за намалување на холестеролот, подобрување на циркулацијата, против опаѓање на косата

“Се сетив на еден многу добар рецепт за кој знам некои 30-тина години, а кој може да биде корисен за повеќе болести, бидејќи ублажува, спречува и лекува и не може да ви наштети.

Првенствено е наменет за циркулација на крвта, нервен и имунилошки систем. Од овој препарат добро расте косата, се опоравува…особено кај оние лица кај кои косата опаѓа поради лошо функционирање на организмот.

Потребни состојки:

8 лажици рузмарин
1 литар вода
4 големи лимони
500 г мед од жалфија (или друг)

Постапка:

Loading...

Исечкајте свеж (или сув) рузмарин, па 8 супени лажици прелијте ги со 1 литар вода и ставете на тивок оган да се вари додека половината да испари.

За тоа време пригответе го лимонот: измијте го добро и оставете го вода со малку сода бикарбона. После половина час повторно измијте ги, исечете го за да ги извадите семките и сомелете го. Помешајте го со половина кислограм мед од жалфија. Доколку не можете да најдете ваков мед, тогаш употребете било каков, да биде органски и квалитетен.

Кога водата од жалфија ќе се олади, процедете ја и промешајте ја со мешавината од лимон и мед. Складирајте во стаклени тегли и чувајте во фрижидер. Напитокот се користи секое утро на празен стомак по 100 мл”, пишува Весна Михајловиќ

НАПИТОК ПРОТИВ ВИСОК ХОЛЕСТЕРОЛ

Овој рецепт ми го препорача пријателка. Вели проверено е одлично за регулирање на триглицеридите и холестеролот. Не може да наштети, а ако помогне, одлично!

Потребни состојки:

2 лимони, по можност непрскани
50 см рузмарин
6 лажици интегрален шеќер
2 литри вода

Постапка:

Лимонот добро измијте го, па откако ќе го истретирате со сода бикарбона, извадете му ги семките и сомелете го. Кога се вели “гранче-две” рузмарин, не знаете точно која е количината, па мојата пријателка вели дека за овој рецепт се препорачува околу 50 см рузмарин.

Сето тоа ставете го во тенџере, прелијте со 2 литри вода и додадете шеќер, па варете додека да испари до половина. Изладете, процедете и складирајте во стаклено шише или тегла.

Чувајте во фрижидер и секое утро веднаш по будење испијте по една мала ракиена чаша. Иако мирисот во текот на варењето е силен, вкусот е слаткаст и нема да имате чувство дека пиете некој непријатен лек, напротив.

Coolinarika.com

Loading...