Брзи чоколадни штанглички без печење, без јајца и без брашно…Вкусни и крцкави…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

300 г млечно чоколадо
15 мл масло
150 г лешници
50 г суво грозје
50 г експандиран ориз

калап 20х20 см
За декорација:
200 г млечно чоколадо
25 г бело чоколадо

ПОСТАПКА:

Растопете го чоколадото со масло, додајте сечкани лешници помешани со суво грозје и експандиран ориз, па помешајте. Смесата распоредете ја во калап и оставете да се олади 15 минути.

Потоа сипете одозгора растопено чоколадо и декорирајте со бело чоколадо. Оставете да се стегне во фрижидер 1 час пред сечење. Постапката погледнете ја ОВДЕ (4:50 минута во видеото):