Брз летен колач – многу вкусен и кремаст колач со парчиња овошје кое се топи во уста- за само 15 минути готов!

Многу брзо се приготвува, само матите шлаг, без готвење и без печење! Многу вкусен и освежителен овошен колач.

Потребни состојки:

200 г бисквити
1 кесичка крем за торти од ванила
500 мл слатка павлака + 200 мл за шлаг за украсување
5 свежи праски

Постапка:

Во еден плах со средна величина наредете бисквити натопени кратко во млеко.

Изматете 500 мл слатка павлака во цврст шлаг и пред крајот додадете му ја содржината од кесичката за крем со вкус на ванила (јас користам од д-р Еткер крем за торти со слатка павлака – ванила).

Праските измијте ги, излупете ги и исечете ги ги ситно.

Преку бисквитите нанесете ја слатката павлака со кремот од ванила, врз неа распоредете ги праските, а преку праските изматената слатка павлака како шлаг.

Добро изладете фо колачот во фрижидер пред послужување, а потоа исечете го и уживајте во вкусот.

Претходна статијаНапомош Света Марина! (Огнена Марија, заштитничка на жените и верата)
Следна статијаБОМБА ТОРТА: Долго го имам рецептот на хартија, никако да дојде на ред, а сега го пробав- нешто поубаво не сум јадела!