БРЗ КОЛАЧ ЗА СЕКОЈ ДЕН…Подготовка како „Брзи Гонзалес“, а вкусен и мек како локум…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл):

3 јајца
1 чаша шеќер
1/2 чаша млеко
1/2 чаша сончогледово масло
2 чаши брашно (да не се пренатрупани)
1 кесичка прашок за печиво
1 кесичка ванилин шеќер

За прелив:
2 чаши млеко
3 лажици какао (не натрупајте ги лажиците)
1/2 чаша шеќер

ПОСТАПКА:

1.Вклучете ја рерната да се загрева на 180 степени. Во подлабок сад изматете ги јајцата со шеќерот додека да станат кремасти. Во смесата додајте масло и млеко и изматете.

2.Додајте го брашното просеано и помешано со прашок за печиво и ванилин шеќер, па матете со миксерот додека сето да се изедначи.

3.Сипете го тестото во средна или голема тепсија претходно намастена, распоредете и неколкупати потчукнете ја од масата за да излезат меурчињата. Ставете да се пече во загреаната рерна.

4.За прелив: во тенџере сипете млеко, шеќер, какао и измешајте за да нема грутчиња. Ставете на оган со непрекинато мешање и тргнете го настрана штом зоврие, да се лади 10 минути.

5.Извадете го печениот колач од рерна и оставете да се лади 10 минути. Потоа исечете го на коцки со големина по ваша желба и залијте го со преливот.

6.Оставете 10-тина минути да го впие преливот и декорирајте по желба. Потоа оставете да се олади уште 2 часа пред послужување. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/K_9JpMnuiIY?si=xXmZsP-2phn3QKmf