БРЗ КОЛАЧ СО ОРЕВИ – мерки на чаша од 200 мл

Многу брз и вкусен колач!

Потребни состојки:

4 јајца
1 чаша млеко
1 чаша масло
1 чаша гриз
1 чаша остро брашно Т-400
2 чаши шеќер
2 чаши мелени ореви

За сируп:

600 мл вода (3 чаши)
2 чаши шеќер
½ лимон

Постапка:

Вклучете ја рерната на 180 степени.

Прво направете го сирупот за да измате време да излади, додека го приготвувате колачот.

Измешајте вода и шеќер, па ставете на оган да зоврие. Оставете да вари 5 минути, па додадете половина лимон исечен на тркалца. Уште малку нека проврие па тргнете на страна да излади.

Јајцата изматете ги пенасто со шеќерот. Не е потребно да матите со миксер, но ако ви е полесно, може.

Во изматените јајца ги додаваме прво влажните состојки, а потоа и сите суви состојки, еден по еден и матиме.

На крај ги додаваме мелените ореви.

Плех со димензии 36х23 см (може и помал ако сакате повисок колач или поголем за понизок) намастете го и набрашнете го, па во него излејте ја смесата и стевет да се пече на180 – 200 степени околу 35 минути.

Печениот колач штом го извадите од рерна прелијте го со сирупот.

Оставете убаво да излади и да го впие сирупот, па после неколку часови сервирајте.

Loading...